Израел ја бранеше воената неопходност од својата офанзива во Газа пред Меѓународниот суд на правдата (МПС) на 17 мај, откако Јужна Африка побара од судиите да му наредат да ги прекине операциите во Рафа и целосно да се повлече од палестинските територии.
Службеникот на израелското Министерство за правда Гилад Ноам го нарече случајот на Јужна Африка, кој го обвинува Израел за кршење на Конвенцијата за геноцид, „целосно надвор од фактите и околностите“ и рече дека „ја исмејува конвенцијата“.
Тој го нарече случајот „безобразна експлоатација на најсветата конвенција“, мислејќи на меѓународниот договор за забрана на геноцид договорен по холокаустот на европските Евреи во Втората светска војна.
Конвенцијата бара од сите земји да дејствуваат за да го спречат геноцидот, а МСП, познат и како Светски суд, кој ги разгледува споровите меѓу државите, пресуди дека тоа и дава право на Јужна Африка да го покрене случајот.
Во претходните пресуди, судот ги отфрли барањата на Израел да го отфрли случајот и му нареди на Израел да спречи акти на геноцид врз Палестинците, но не му нареди да го запре нападот.
Видете и ова: Меѓународниот суд на правдата бара мерки од Израел за решавање на гладот во ГазаПред израелската презентација, неколку десетици про-израелски демонстранти се собраа надвор и ги покажаа фотографиите на заложниците што ги зедоа борците на Хамас на 7 октомври и бараа нивно ослободување. Хамас е прогласена за терористичка организација од САД и ЕУ.
Јужноафриканскиот правен тим, кој го претстави својот случај за нови итни мерки претходниот ден, ја прикажа израелската воена операција како дел од геноциден план чија цел е уништување на палестинскиот народ.
Амбасадорот на Јужна Африка во Холандија, Вусимузи Мадонсела побара од судот да му нареди на Израел „веднаш, целосно и безусловно да ја повлече израелската армија од целиот Појас Газа“.
Видете и ова: САД ја отфрлија можноста Меѓународниот кривичен суд да го истражува ИзраелИзраелскиот официјален претставник Ноам рече дека израелските воени операции не биле насочени кон цивили, туку кон терористите на Хамас кои го користат Рафа како упориште, кои имаат тунелни системи кои можат да се користат за шверцување заложници и милитанти од Газа.
Примерите за наводното прекршување на конвенцијата од страна на Израел презентирани од Јужна Африка „не се доказ за политика на незаконско однесување, а не пак за политика на геноцид. Наредбата на Израел да ги повлече своите војници ќе ги осуди на смрт преостанатите заложници во Газа“, рече Ноам.
Војната започна кога милитантите на Хамас го нападнаа Израел на 7 октомври, убивајќи 1200 луѓе и киднапирајќи 253 луѓе. Повеќе од 35 000 Палестинци загинаа во израелските напади, според Министерството за здравство во Газа, кое го предводи Хамас.
Одлуката за барањето за вонредни мерки се очекува следната недела.