Молдавските пратеници го одредија 20 октомври како датум за претседателски избори и референдум за пристапување на земјата во Европската Унија.
Прозападната претседателка Маја Санду, чиј прв претседателски мандат завршува на 24 декември, ја објави својата намера да се кандидира за нов мандат, објави молдавскиот сервис на Радио Слободна Европа.
Водачите на опозициските социјалисти и комунисти, пријателски настроени кон Москва, изјавија дека водат разговори за предлагање заеднички претседателски кандидат.
Видете и ова: Санду: Русија сака да ја дестабилизира МолдавијаСанду, која го победи прорускиот кандидат Игор Додон во ноември 2020 година, оттогаш ја сврте Молдавија цврсто кон Западот.
Во декември 2023 година, Европската Унија одлучи да ги отвори пристапните преговори за Молдавија, која е една од најсиромашните земји во Европа.