Речиси шест месеци по изборната победа на неговата партија, холандскиот политичар Герт Вилдерс објави дека е постигнат договор за формирање на десничарска коалициска влада. Тој исто така објави дека нема да биде премиер.
„Имаме договор меѓу преговарачите“, рече Вилдерс, кој уште во март се откажа од намерата да биде премиер, наведувајќи ги наводите дека е „исламофоб и противник на ЕУ“.
Видете и ова: Проблеми пред почетокот на преговорите за владејачка коалиција во ХоландијаДоговорот е постигнат меѓу четири партии - Партијата за слобода (ПВВ) на Герт Вилдерс, про-земјоделската партија БББ, либералната партија ВВД и новата партија против корупцијата НСЦ.
Сè уште не е познато кој ќе ја предводи десничарската владејачка коалиција која ќе го замени Марк Руте. Руте е кандидат за функцијата генерален секретар на НАТО.
Крајнодесничарската Партија за слобода, која победи на изборите во Холандија, а чиј лидер е Вилдерс е позната и по тоа што меѓудругото, повикува на забрана на џамиите, Куранот и шамиите, како и референдум за напуштање на Европската Унија.