Русија ја предупреди Европската Унија дека доколку Брисел воведе ограничувања за руските медиуми, западните известувачи во Русија ќе почувствуваат брз, остар и болен одговор од руската држава.
Потпретседателката на Европската Комисија, Вера Јоурова, изјави дека ЕУ ќе го санкционира „Гласот на Европа“, заедно со рускиот весник „Риа Новости“ и „Известија“, објави Блумберг на 6 мај.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека западните новинари во Москва ќе го почувствуваат одговорот доколку Европската Унија преземе мерки против руските медиуми.
„Ако овие мерки се преземат против руските медиуми, руските новинари, тогаш, и покрај тоа што западните дописници нема да го сакаат тоа, тие исто така ќе мора да ги почувствуваат нашите одмазднички мерки“, порача Захарова.
Во Русија, заедно со затворањето на независните медиуми, странските медиумски куќи се најдоа под притисок, додека двајца странски новинари беа затворени. Станува збор за американско-руската новинарка на Радио Слободна Европа, Алсу Кумаршева и дописникот на The Wall Street Journal, Еван Гершкович, за обвиненијата кои ги отфрлаат.
„Порано ја чувствуваа нашата љубов, но сега ќе мора да го почувствуваат одговорот. Ќе одговориме со молскавична брзина и крајно болно“, рече Захарова.
Европската Унија веќе ги забрани руските медиуми РТ (порано познати како Русија денес) и Спутник како пропагандни алатки како дел од санкциите наметнати на Москва поради нејзината агресија врз Украина.
Видете и ова: Бајден повика на ослободување на затворените новинариЗахарова рече дека секој потег за ограничување на кој било руски медиум веднаш ќе доведе до одговор во Русија против западните дописници.
„Ако само еден руски медиум е подложен на неоправдани ограничувања, тогаш тоа ќе се одрази на нивните колеги овде во Русија, мислам, на западните новинари“, рече Захарова.
Комитетот за заштита на новинарите (CPJ) во извештајот во јануари рече дека Русија ги засилила своите напори да го потисне слободното известување.
Видете и ова: Европратениците гласаа за резолуција со која се бара ослободување на новинарите Курмашева и ГершковичПокрај Кумаршева и Гершкович, во руски затвор се и десет други новинари од Украина, од кои пет се кримски Татари.
Во февруари Русија го означи Радио Слободна Европа како „непожелна организација“, која ги изложи на кривични пријави своите новинари, соработници, донатори или оние што ги интервјуираше. Во март 2022 година, неколку недели по почетокот на руската инвазија, веб-страниците на неколку медиуми беа блокирани во Русија, меѓу кои РСЕ, Би-Би-Си и Дојче веле.