Над 500 луѓе се приведени во Турција поради сомневање за одредени врски со турскиот проповедник Фетула Ѓулен, кого претседателот Реџеп Таип Ердоган го обвинува дека стои зад обидот за државен удар во 2016 година.
Турските власти апсењата ги спровеле во 62 од 81 провинција во земјата, насочени кон „поединци од ФЕТО кои се обидувале да влезат во различни нивоа на државната служба“, користејќи го кратенката што ја фаворизира Анкара за да го означи движењето на Ѓулен, напиша турскиот минитер за внатрешни работи Али Јерликаја на социјалната платформа Х порано позната како Твитер.
„Припадниците на ФЕТО нема да ги оставиме сами“, изјави министерот.
Осомничените се обвинети дека се пријавиле за испити за јавна служба по наредба на движењето Ѓулен и дека комуницирале преку апликацијата за пораки Бајлок, за која турската влада смета дека е контролирана од самопрогонетиот проповедник.
Ѓулен, кој живее во САД од 1999 година, постојано негира дека неговото движење стои зад обидот за пуч во јули 2016 година.
Видете и ова: ФЕТО - бреме во македонско-турските односиНекогаш близок сојузник на Ердоган, проповедникот беше обвинет од турските власти дека стои зад обвинувањата за корупција против владата во 2013 година, кога Ердоган беше премиер.
Ердоган го обвинува имамот дека се обидува да создаде алтернативна држава преку својата мрежа на училишта присутна на сите континенти.
Во акцијата по државниот удар беа уапсени десетици илјади луѓе, повеќе од 140.000 отпуштени или суспендирани од нивните работни места и речиси 3.000 осудени на доживотен затвор.
Турција редовно бара од другите земји да ги екстрадираат следбениците на Ѓулен и се обиде да го стави тоа услов за прифаќање на членството на Финска и Шведска во НАТО пред конечно да се откаже од тие барања.