Европската Унија се радува на заедничка соработка со избраните претставници во Северна Македонија, и со новата влада и со претседателот, повтори денеска портпаролот на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика, Петер Стано.
Тој одговарајќи на новинарско прашање рече дека јасен бил ставот на ЕУ која се залага да помогне за земјата да напредува и да го испорача очекуваното што ЕУ го зададе во однос на пристапувањето на Северна Македонија.
„Ние, искрено мислиме, очекуваме и веруваме дека новите власти ќе продолжат да испорачуваат и не би шпекулирале што ако не испорачаат. Новите власти имаат чист почеток, имаат можност да ги убедат сите во ЕУ дека се посветени на европската иднина земја на нивната земја и дека ќе направат сè што можат за се продолжи на успешниот пат на пристапување“, рече Стано.
Видете и ова: Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ не бегаат од Преспанскиот договор, но не се откажуваат од само „Македонија“На новинарско прашање да ги повтори позициите на ЕУ во однос на условите за натамошен напредок на Северна Македонија кон европската интеграција, рече дека вчера имале изјава за несреќниот настап на новата претседателка која не го спомена уставното име на земјата во давањето заклетва.
„Она што се очекува од Северна Македонија беше многу јасно наведено во последниот извештај за проширувањето во кој пишува дека во делот на регионалната соработка земјата одржала добри односи со другите држави од процесот на проширување и го продолжила учество во регионална иницијативи, постоечките билатерални договори треба, во добра волја, да се имплементираат од сите страни, вклучувајќи го и Преспанскиот договор склучен меѓу Северна Македонија и Грција и Договорот за добрососедство и соработка со Бугарија, вклучувајќи ги и протоколите. Ова е очекувањето од ЕУ“, рече Стано.
Тој беше прашан какви чекори планира да преземе ЕУ ако новото раководство продолжи да се однесува како на вчерашната инаугуративната церемонија на новата претседателка Гордана Силјановска-Давкова. Нагласи дека ЕУ искрено смета, очекува и верува дека новите власти на земјата ќе продолжат да испорачуваат и затоа не би навлегувал во шпекулации „што или ако“.