Во напад на Харкив двајца повредени, изгорени неколку куќи

илустрација

Украина ги уништила сите десет беспилотни летала во нов руски напад во текот на ноќта, но две лица биле повредени, а некои станбени згради изгорени во регионот Харкив како резултат на нападот, соопштија во петок (10 мај) украинските власти.

Воздухопловните сили во објава на Телеграм наведоа дека Русија лансирала две противвоздушни наведувани ракети.

Портпаролот на украинските воздухопловни сили Илја Јевлаш изјави дека Русија најверојатно користела ракети за да го нападне Харкив во североисточниот дел на земјата.

Видете и ова: На Украина и се заканува прекин во снабдувањето со струја по големиот руски напад врз инфраструктурата

Олех Синехубов, гувернер на Харковската област, изјави дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад.

„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, добиле медицинска помош“, додаде Синехубов.

Москва негира дека цели на цивили во, како што вели, легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина, објави Ројтерс.