Рускиот претседател Владимир Путин изјави во четвртокот дека нема ништо невообичаено во планираната вежба, која вклучува распоредување тактичко нуклеарно оружје во јужна Русија заедно со сојузничката Белорусија.
На 6 мај, Русија соопшти дека ќе вежба распоредување на тактичко нуклеарно оружје како дел од воената вежба по, како што рече Москва заканите од Франција, Велика Британија и САД.
„Тука нема ништо необично, ова е планирана работа. Тоа е обука“, ги пренесе зборовите на Путин државната руска новинска агенција ТАСС.
Во своето соопштение од понеделникот, руското Министерство за одбрана експлицитно ја поврза нуклеарната вежба со „провокативни изјави и закани на одредени западни претставници против Руската Федерација“.
Видете и ова: Русија најави вежба за тактичка нуклеарна подготвеностПутин минатата година рече дека Москва префрлила одредено тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, што е прв руски потег на такви боеви глави надвор од Русија по падот на Советскиот Сојуз во 1991 година.
Путин рече дека и предложил на Белорусија да учествува во еден дел од нуклеарната вежба објавена во понеделникот.
„Дадени се соодветни инструкции до министерствата за одбрана и генералштабовите на нашите армии. Тие започнаа заеднички подготовки“, рече Путин.
Третата вежба
Белорускиот претседател Александар Лукашенко, зборувајќи заедно со Путин, рече дека ова е трета ваква вежба.
„Веројатно ги имаше десетици во Русија, па се синхронизиравме. А генералштабовите, како што ми кажа рускиот министер за одбрана, веќе почнаа да ги извршуваат овие инструкции“, рече Лукашенко.
Видете и ова: Лукашенко тврди дека десетици руски нуклеарни бомби се распоредени во БелорусијаРусија и САД се убедливо најголемите нуклеарни сили во светот, со повеќе од 10.600 од вкупно 12.100 нуклеарни боеви глави во светот. Кина има трет по големина нуклеарен арсенал, а потоа следат Франција и Британија.
Русија има околу 1.558 нестратешки нуклеарни боеви глави, според Федерацијата на американските научници, иако постои неизвесност за точните бројки за таквото оружје поради недостиг на транспарентност.
Сè уште постои голема неизвесност меѓу експертите за контрола на оружјето за тоа какво оружје и испорача Русија на Белорусија и природата на нивното складирање.
Нормално, би било потребно извесно време да се создадат складишта, безбедност и касарни за такво распоредување - а руското нуклеарно оружје е контролирано од 12-та главна управа на руското Министерство за одбрана (позната како 12-ти ГУМО). Според западните експерти, не е јасно дали 12. ГУМО е во Белорусија.
Ниту една сила не користела нуклеарно оружје во војна откако Соединетите Држави ги започнаа првите напади со атомска бомба врз јапонските градови Хирошима и Нагасаки во 1945 година.
Пентагон во понеделникот соопшти дека не забележал промена во распоредувањето на нејзините стратешки нуклеарни сили од страна на Русија, и покрај, како што рече, „неодговорната реторика“ на Москва со детали за плановите за вежби кои вклучуваат распоредување на нестратешко нуклеарно оружје.