Претседателот Владимир Путин се согласи да ги повлече руските сили и граничарите од различни делови на Ерменија на барање на Ереван, изјави портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, пренесе руската новинска агенција Интерфакс.
Соопштението уследи по заминувањето на речиси 2000 руски мировници од регионот Нагорно-Карабах и околината, кои Азербејџан насилно ги врати во септември минатата година. Нивното излегување стави крај на долгогодишното распоредување што и даде на Москва воено упориште во стратешкиот регион на Јужен Кавказ.
Видете и ова: ЕУ и САД ветија помош за Ерменија додека се оддалечува од МоскваПесков, во четврток (9 мај) изјави дека Путин и ерменскиот премиер Никол Пашинјан постигнале договор за бранот нови заминувања на руските сили на состанокот во Москва на 8 мај.
„Есента 2020 година, на барање на ерменската страна, нашата армија и граничари беа распоредени во неколку ерменски региони. Пашинјан рече дека денеска поради променетите услови повеќе нема таква потреба, па претседателот Путин се согласи и беше договорено повлекување на нашата армија и граничарите“, изјави Песков за Интерфакс.
Ерменија побара од руските граничари да ги напуштат своите позиции на главниот аеродром во земјата во Ереван од 1 август годинава.
Новинскиот сервис на Спутник Ерменија цитираше висок ерменски политичар од владејачката партија кој наведува дека Путин и Пашинјан се договориле да ги повлечат руските сили и граничарите од пет ерменски региони.
„Руските граничари, сепак, ќе останат на границата на Ерменија со Турција и Иран - на барање на Ереван“, рече Песков, а пренесува Интерфакс.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Пашинјан ја критикуваше Русија што не интервенираше за да ги запре азербејџанските сили во Карабах и оттогаш јавно го доведе во прашање традиционалниот сојуз на неговата земја со Русија - која има голем број воени инсталации внатре во Ерменија и која во меѓувреме почна да создава поблиски врски со Западот.
Ерменија и Азербејџан со децении се расправаат за сепаратистичкиот регион Нагорно-Карабах, кој е дел од Азербејџан. Откако силите на Баку го вратија овој планински регион кој со години беше под контрола на етничките Ерменци, повеќето жители побегнаа во Ерменија.
Официјален Ереван го обвинува Азербејџан за етничко чистење, како и величење на антиерменскиот расизам, дозволување на антиерменски говор на омраза и уништување ерменски културни објекти. Баку ги негира овие обвинувања.