Во украински воздушен напад врз руската област Белгород во текот на ноќта осум лица се повредени, а оштетени се многу станбени згради и автомобили, соопшти денеска (9 мај) гувернерот на тој регион Вјачеслав Гладков.
Тој на Телеграм наведе дека меѓу повредените има и 11-годишно девојче, кое е хоспитализирано и додаде дека се оштетени повеќе од 30 станови во 19 станбени згради.
Видете и ова: Најмалку шест лица се повредени во руските напади на североистокот на УкраинаКако што јавуваат странските агенции, руските сили за воздушна одбрана собориле 15 ракети „Вампир“ и едно беспилотно летало во регионот на Белгород, две беспилотни летала во областа Брјанск, како и три беспилотни летала во областа Курск.
Вчера пак (8 мај) Украина беше цел на руски ракетен напад и напад со дронови. Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави дека над 50 ракети и повеќе од 20 беспилотни летала Шахед ја гаѓале инфраструктурата во областите Лавов, Виница, Киев, Полтава, Кировохрад, Запорожје и Ивано-Франковск.
Русија ја почна инвазијата врз Украина на 24 февруари 2022 година.