Кандидатката за претседател на државата предложена од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова на првата прес конференција после првичните резултати кои се во нејзина полза рече дека македонските граѓани се одважија да излезат стамено, достоинствено и гордо да го дадат гласот на оној кој што го сакаат. Според неа да повикувате на бојкот с е партиски притисок. Таа според првичните резултати има двојно поголема предност пред нејзиниот противкандидат на претседателските избори Стево Пендаровски кој веќе призна пораз.
Посочи дека ќе биде претседател на сите граѓани и дека почнува промена која ќе ја донесе жена претседател.
„Јас тврдам дека од овој момент овде јас ке се однесувам како претседателка на сите грагани, на сите етнички групи, на членови на партии, на оние кои не се во партии бидејќи не може еден претседател особено не ако е жена да обединува, да трага по единство ако држи партиски линии“, рече Сиљановска Давкова.
Видете и ова: Пендаровски им честита на победниците на изборитеСе согласи со Пендаровски во критиката на бојкотот и на обидот да се киднапира гласачкото право на граѓаните за што рече дека е добра констатација. Не се согласувам со тезата дека гласовите сум ги добила со набој на национализам. Упати порака дека ќе соработува со соседите и дека не е време за ставање вето.
„Да се обидеме да ставиме крај на балканизацијата, да се обидеме да си помагаме едни на други и да бидеме политичари. Ние мораме да почнеме меѓу себе да се разбираме, да се помагаме, да не посегаме по вето туку да посегаме по поддршка. Моите патишта прво водат на Балканот, а се разбира Брисел тука е неизоставен“, рече Сиљановска Давкова
И честиташе на Државната изборна комисија и администрацијата за добро спроведените фер и демократски избори.