Кандидатката за претседател Гордана Сиљановска-Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, е во двојна предност пред ривалот Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, во вториот круг од претседателските избори, покажуваат првичните податоци од Државната изборна комисија (ДИК).
Според обработени 44,8 отсто од гласовите, податоците на веб-страницата на ДИК покажуваат дека Сиљановска-Давкова досега има 214.695 гласа, а Пендаровски 103.144.
Видете и ова: Муцунски: Македонија ќе има нов претседател, извесно е дека ДУИ оди во опозицијаВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ се со голема предност и на парламентарните избори. На обработени 43,3 отсто од гласовите од ДИК, досегашната опозициска партија добила 153.993 гласа.
СДСМ и Коалицијата за европска иднина, пак, имаат 51.885.
Европскиот фронт предводен од ДУИ, пак, има 76.590 гласа, а коалицијата ВЛЕН 64.102.
Левица има 25.186, а движењето ЗНАМ 18.517.
Засега нема проекции како овие резултати ќе се одразат на пратенички мандати во новиот парламентарен состав.