Имавме успешни, фер и демократски избори, цензусот за претседателските избори е исполнет, рече Александар Даштевски, претседател на Државната изборна комисија (ДИК), вечерва на прес-конференција.
За претседателските избори, до 18.30 часот од обработени податоци од 3.186 избирачки места одѕивот е 46,31 отсто, при што гласале 767. 715 граѓани.
Најголема излезност има во Новаци 72,76 отсто, а најмала во Липково 7, 35 отсто.
Одѕивот на парламентарните избори е 53,30 отсто од обработени 3.186 отсто од гласовите, односно на гласање излегле 887.767 граѓани.
Најголема излезност за парламентарните избори има во Новаци 74,85 отсто, а најмала во Центар Жупа 18,62 отсто.
Видете и ова: Се затворија гласачките места, се очекуваат првични резултати„Еднакво право на глас е дадено на сите граѓани. Тие гласаа по сопствена волја“, рече Даштевски, заблагодарувајќи им се на сите изборни органи, на медиумите за позитивното известување и на сите учесници во изборите.
Според него, и денеска се потврдиле оценките на меѓународните и на домашните организации за беспрекорно организирани избори во услови кога се спроведуваат два вида избори.
Во текот на денот биле поднесени 490 приговори за избирачко право. Од нив 263 приговори се усвоени, 33 се отфрлени, 88 се одбиени, а другите се во обработка.
Гласањето, како што соопшти Даштевски, ќе биде продолжено во избирачко место во Зелениково, во Гази Баба, во Центар и во Кочани.
Се очекува ДИК да излезе со првични неофицијални резултати од изборите најдоцна до 23.30 часот.