Македонија ќе има нов претседател, цензусот е постигнат. Отворениот повик за бојкот од страна на ДУИ не успеа - елитите на власта се поразени од народот, рече Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во првата оценка по денешните двојни избори во Северна Македонија.
Тој рече дека денешниот ден на површина ги извади сите игри на власта и сценариото на кое укажа ВМРО-ДПМНЕ, дека „ДУИ посакува криза и преку бојкот на претседателските избори практично сака да се факторизира“.
„Добрата вест е што ДУИ изгуби двојно. Бојкотот не е успешен и сосема и извесно дека ДУИ оди во опозиција“, рече Муцунски.
Видете и ова: Се бројат гласовите, цензусот исполнетТој на прес-конференцијата кажа дека „ВМРО-ДПМНЕ очекува одличен резултат, кој ќе биде и подобар од тој што го имаше на првиот круг претседателски и уште вечерва да биде јасна сликата како ќе изгледа новата влада“.
Муцунски оцени дека денешниот изборен ден помина во генерално мирна атмосфера, со неколку поединечни нерегаларности што треба да се расветлат. Тој кажа дека неколку функционери на владејачката партија се фатени во илегални активности како го нарушуваат гласачкото право правејќи поткуп и притисоци.
Во Северна Македонија денеска (8 мај) се одржуваат седми претседателски и единаесетти парламентарни избори.