Државната избрна комисија (ДИК) ги опомена членовите на гласачките одбори задолжително да ги прашуваат гласачите дали ќе гласаат за претседателски или за парламентарни избори и тоа да го прават кон секој избирач. Ова следува откако од терен добиле информации дека членови на избирачките одбори не го почитуваат упатството за гласање на ДИК.
„Секој член на избирачки одбор ако не ги почитува законските одредби и го попречува гласањето ќе се казни со затвор до 3 години. Апелираме до сите членови на избирачките органи да се држат до законските одредби. Имавме пријави од неколку општини, па затоа го упатуваме овој апел и се надеваме дека избирачките органи нема да ги повторат истите грешки“, изјави потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху на вонредна прес-конференција.
Видете и ова: Се бројат гласовите, цензусот исполнетТаа додаде дека гласањето тече како што треба и дека не се забележани никакви прекршувања на изборниот процес.
Инаку излезноста на претседателските избори до 13 часот часот изнесува 22, 63 отсто, а за парламентарните 25,64 проценти.