Индискиот премиер Нарендра Моди го даде својот глас во третата фаза од општите избори во Индија во вторник (7 мај).
Моди, кој учествува на изборите по трет мандат, гласал на избирачко место во западниот индиски град Ахмедабад, во државата Гуџарат, пишува Франс прес.
Во пораката на социјалната мрежа Х, Моди ги повика Индијците да гласаат и на тој начин да ја „зајакнат демократијата“.
Политичките аналитичари ја предвидоа победата на Нарендра Моди уште пред почетокот на изборите, кои се одржуваат од 19 април до 1 јуни, во вкупно седум фази.
БЈП на Моди е против широкиот опозициски сојуз предводен од Индискиот национален конгрес и моќните регионални партии.
Критичарите на премиерот велат дека индиската традиција на различност и секуларизам е нападната откако БЈП дојде на власт пред една деценија.
Видете и ова: Во Индија почнаа парламентарните избори кои ќе траат до 1 јуниТие ја обвинуваат таа партија за поттикнување верска нетрпеливост, а понекогаш и насилство.
Партијата одговара на овие обвинувања со тврдење дека нејзината политика е од корист за сите Индијци.
Речиси 970 милиони гласачи (повеќе од 10 отсто од светското население) избираат 543 членови на Долниот дом. На 4 јуни ќе се бројат гласовите од вкупно 28 држави во Индија.