Францускиот претседател Емануел Макрон ќе побара од кинескиот лидер Си Џинпинг да го искористи своето влијание за да ја придвижи Русија кон ставање крај на војната во Украина за време на дводневната државна посета на Франција.
Се очекува и двајцата лидери да разговараат за трговските спорови околу електричните автомобили, коњакот и козметиката.
Од кабинетот на Макрон соопшти дека разговорите за дипломатските напори за поддршка на Украина и притисокот врз Русија се главен приоритет за Франција.
Дискусиите ќе ги опфатат и Блискиот Исток, трговските прашања и глобалните предизвици, вклучително и климатските промени. Претседателот на Европската комисија ќе се приклучи на дел од состаноците за да се подигне пошироката загриженост на ЕУ.
Франција е првата станица на европското патување на Џинпинг со цел обнова на односите во време на глобални тензии. По Франција во понеделник и вторник, кинескиот лидер ќе се упати во Србија и Унгарија.
Рускиот претседател Владимир Путин неодамна објави дека планира да ја посети Кина овој месец.
Кина ќе присуствува на меѓународната конференција поддржана од Киев, закажана за средината на јуни во Швајцарија, на која ќе се разговара за изгледите за ставање крај на војната во Украина.