Грузискиот премиер Иракли Кобахиџе продолжува да го брани законот за „странски агенти“ што предизвика масовни протести во Тбилиси, велејќи дека е неопходно да се постигне „деполаризација“, во согласност со препораките на Европската унија.
Кобахидзе на 3 мај рече дека во разговор со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, го кажал своето разочарување што партнерите на Грузија „не сакаат да се вклучат во суштински дискусии“ за нацрт-законот и дека „сè уште не сме слушнале никакви контрааргументи против оваа предложена легислатива“.
Нацрт-законот, кој ќе бара од граѓанските организации и медиумите да даваат отчет за финансирањето од странство и да ги подложи на владин надзор, предизвика масовни протести во главниот град на Грузија.
На 3 мај, имаше големи тензии во Тбилиси при судир во кој безбедносните сили употребија сила, вклучително и гумени куршуми, за да ги разбијат демонстрантите.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Кобахиџе напиша на социјалната мрежа X, дека предложената легислатива „е единствено насочена кон промовирање на транспарентноста и одговорноста на релевантните организации во однос на грузиското општество“.
Кобахиџе, исто така, ги повтори наводите за „активна вмешаност на организации финансирани од странство во два обиди за револуции во Грузија помеѓу 2020 и 2023 година“.
Во претходен твит на 3 мај, Кобахиџе ги критикуваше Соединетите Држави, еден од најголемите поддржувачи на Грузија, дека даваат „лажни“ изјави за законот.
Кобахиџе, исто така, ја обвини поранешната американска амбасадорка во Грузија, Кели Дегнан, која беше на таа позиција од 2020 до 2023 година, како и невладините организации (НВО) финансирани од странство за наводно поддршка на два обиди за револуции.
Стејт департментот на САД не одговори веднаш на барањето за коментар.
Грузија е кандидат за членство во Европската унија и исто така побара членство во одбранбената алијанса на НАТО.
Советникот за политика на Стејт департментот на САД, Дерек Шолет, кој го повика Хобахиџе да го повлече законот за „странски агент“, на 3 мај рече дека Грузија е на точка на свртување, а нејзините евроатлански аспирации сега висат на конец.
Видете и ова: Грузискиот парламент го усвои законот за „странски агенти“„Сè уште има простор да се вратиме на патот што грузискиот народ го сака и заслужува“, напиша Шоле на X.
Откако беше усвоено второто читање на ревидираната легислатива на законот на 1 мај, десетици илјади демонстранти излегоа на улиците во Тбилиси, што доведе до десетици притворања и повреди меѓу демонстрантите.
Во најмалку осум случаи на 1 мај, жртвите тврдеа дека, покрај водени топови и солзавец, полицијата користела и гумени куршуми. РСЕ собра изјави на очевидци, фотографски докази за повреди, интервјуираше тројца од повредените и ги сними гумените куршуми на местото каде што, наводно, биле испукани.
Тензиите остануваат високи. Доцна на 3 мај и рано утрото на 4 мај, главната авенија Руставели во Тбилиси повторно се појави блокирана, при што некои демонстранти држат свеќи и знамиња на ЕУ и Грузија во црквата Кашвети.
Нацрт-законот е спореден со слично законодавство во Русија кое го замолчува несогласувањето и ги задушува независните медиуми и може да опфати казни за сè уште недефинирани кривични дела за невладините организации и медиумите кои не известуваат за финансирање од странство.
Третото и последно читање на предлог-законот се очекува на 17 мај.
Грузиската претседателка Саломе Зурабишвили, која се огради од политиката на владејачката партија, вети дека ќе стави вето на законот доколку тој биде формално усвоен, како што се очекуваше. Сепак, Зурабишвили рече дека партијата Грузиски сон има доволно гласови за да го отфрли нејзиното вето.
Зурабишвили го опиша нацрт-законот како „руски закон по суштина“ и рече дека владата е „склона да прави отстапки кон Русија“ и се обидува да го повтори „начинот на кој Русија успеа навистина да го потисне граѓанското општество“.
Грузија ја поднесе својата апликација за пристапување во Европската унија во март 2022 година, непосредно по целосната инвазија на Русија на Украина, која како Грузија е поранешна советска република.
Европската унија во декември официјално ѝ додели на Грузија кандидатски статус за да се приклучи на блокот. Анкетите покажаа дека поддршката за членство во ЕУ меѓу Грузијците минатата година изнесуваше речиси 90 отсто.