Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во петокот (3 мај) соопшти дека нејзини офицери „ликвидирале“ агент на украинското воено разузнавање, кој наводно допатувал од Литванија за да изврши „терористички акти“ против воени и енергетски објекти во регионите на Москва и на Ленинград.
ФСБ не го откри идентитетот на „саботерот“, но рече дека тој е руски државјанин, роден во 1976 година.
Видете и ова: Германија ја предупреди Русија за последици по наводниот сајбер нападКако што наведува руската служба, тој „при апсењето пружил вооружен отпор со огнено оружје и бил ликвидиран“.
Украина сè уште не излезе со коментар за овие наводи.