Во рудникот за лигнит „Мрамор“ кај Тузла во Босна и Херцеговина, дошло до одрони на земјиште при што е затрупан еден рудар.
„Несреќата се случи во раните утрински часови на 3 мај. Рударот беше затрупан во урнатините. Засега не успеваме да дојдеме до нашиот колега“, изјави за Радио Слободна Европа, Зухдија Токиќ, претседател на синдикатот на рудникот за јаглен „Крека“.
Според Токиќ, несреќата се случила на длабочина од повеќе од 170 метри и вели дека рударите и спасувачките единици вложуваат натчовечки напори и сите се надеваат дека ќе стигнат до рударот, како и дека тој е жив и здрав.
Видете и ова: Меѓународни кредитори со 4 милијарди евра ќе го помагаат откажувањето од јагленМинистерството за внатрешни работи на кантонот Тузла соопшти дека федералниот рударски инспектор и полицијата го обезбедуваат местото на настанот.
„За се е известен дежурниот обвинител, а сите понатамошни мерки и дејствија ќе бидат преземени по наредба и под надзор на Обвинителството“, информираат од Министерството.
Ведран Лакиќ, министер за енергетика, рударство и индустрија на БиХ рече дека е во постојан контакт со раководството на рудникот и оти се на располагање за секаков вид помош со цел да се најде рударот што е можно.
Тој изјави дека разговарале и со Санел Буљубашиќ, директорот на Електропривреда БиХ, под чија надлежност е овој рудник, како и дека тој е на терен и разговара со раководството на рудникот и со спасувачкиот тим. Разговараат и со семејството на рударот за да им пружат поддршка.
Фабриката „Мрамор“ ја започна својата експлоатација во 1958 година и е еден од ретките преостанати подземни рудници за јаглен во рамките на „Крека“, најстариот рудник во Босна и Херцеговина, кој има околу 2.000 вработени.
Тој е еден од седумте рудници на територијата на Федерацијата Босна и Херцеговина.
Рудникот со години се соочуваше со финансиски проблеми. Поради неплатени даноци, сметките на рудникот во неколку наврати беа блокирани, а рударите со штрајк си ги бараа своите права.
Преминот од јаглен, чии резерви во БиХ изнесуваат околу шест милијарди тони, кон обновливи извори на енергија е голем предизвик за БиХ и услов што треба да се исполни на патот кон Европската унија.
Видете и ова: Над 40 рудари загинаа во пожар во рудник за јаглен во КазахстанВо ноември 2020 година, како дел од Самитот на Берлинскиот процес, Босна и Херцеговина ја потпиша Декларацијата за зелената агенда за Западен Балкан и Декларацијата за заедничкиот регионален пазар на Западен Балкан.
Декларацијата, меѓу другото, вклучува и поттикнување на данок за емисиите на јаглерод диоксид, развој на пазарни модели за поттикнување на користењето на обновливите извори на енергија, постепено укинување на субвенциите за јаглен, но и затворање на сите рудници за јаглен и термоелектрани до 2050 година.