Министерството за одбрана (МО) на Северна Македонија изминатите денови било мета на сајбернапад за што велат дека веднаш реагирале и серверската инфраструктура на институцијата е безбедна.
Станува збор за таканаречените фишинг напади со кој биле компромитирани одреден број кориснички сметки во Министерството.
„’Фишинг‘ кампањите постојано се активни на што исклучок не е ни Министерството за одбрана. Во изминатите денови се соочивме со ’e-mail phishing‘ напад, од кој одреден број кориснички сметки се компромитирани и во нивно име се испраќа е-мејл кој во себе содржи линк преку кој внесените креденцијали се испраќаат до трета страна. По дознавање на случајот веднаш е постапено, преземени се мерки за дополнителна заштита, а серверската инфраструктура на МО е безбедна“, велат од Министерството.
Видете и ова: Хакерите не барале откуп од МЕПСО за компјутерскиот нападОттаму апелираат до граѓаните доколку добиле електронска порака од е-мејл од Министерството која завршува со „@mod.gov.mk“ и содржината им е сомнителна, да не ги отвораат линковите и останатите прилози во пораката.
Исто така, повикуваат граѓаните да пријават во Министерството за одбрана.
Фишинг нападите преку е-мејл претставуваат обид за измама на корисниците преку испраќање на лажна порака која изгледа како вистинска.