Воениот суд во рускиот град Хабаровск, кој се наоѓа на далечниот исток, денеска (3 мај) го осуди антивоениот активист Ангел Николаев на 15 години затвор.
Активистот беше обвинет за подметнување пожар врз воен центар за регрутирање, за сквернавење на националното знаме на Русија и за вандализам.
Николаев беше уапсен во јули 2023 година, откако со црвена боја испрска знамиња на гробовите на руските војници убиени за време на тековната инвазија на Москва врз Украина.
Видете и ова: Инстант нацисти: Како тврдењата за „рехабилитација на нацизмот“ го обликуваат милитаристичкото општество во РусијаТој се изјасни за невин по обвиненијата за сквернавење и тероризам.
Десетици активисти во Русија се осудени на затворски казни за подметнување пожари врз воени центри за регрутирање откако Кремљ ја започна својата инвазија врз Украина во февруари 2022 година.