Русија ќе се соочи со последици за сајбер нападот минатата година кој наводно бил оркестриран од група поврзана со нејзината воена разузнавачка служба, изјави на 3 мај германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок.
Видете и ова: 120 години хакерски напади: Од 1903 до војната во УкраинаГерманија е меѓу западните земји што даваат воена поддршка на Украина во нејзината војна со Русија, а претседателот Владимир Путин во декември рече дека односите меѓу двете земји во голема мера се замрзнати.
„Сега можеме јасно да го припишеме минатогодишниот напад на руската група АПТ28, која е контролирана од руската воена разузнавачка служба ГРУ“, рече Баербок на прес-конференција во Аделаида, Австралија.