Американското министерство за правда на 1 мај соопшти дека украински државјанин е осуден на 13 години и седум месеци затвор за над 2.500 хакерски напади со злонамерни софтвери каде што барал повеќе од 700 милиони долари за откуп.
На 24 годишниот Јарослав Васински Судот му наложи да плати над 16 милиони долари како реституција. Васински ја користел варијантата на злонамерен ( ransomware) софтвер именуван како Содинокиби/ Ревил (Sodinokibi/REvil) и јавно ги изложувал податоците на жртвите кога тие не ги платиле барања за откуп.
Видете и ова: Хакерите не барале откуп од МЕПСО за компјутерскиот нападВасински се изјасни за виновен по обвинението од 11 точки кое го товари за заговор за извршување измама и поврзани активности во врска со компјутери, оштетување на заштитени компјутери и заговор за перење пари.
Васински беше уапсен во Полска во октомври 2021 година. Во март 2022 година, тој беше екстрадиран во САД. Според судот, 24-годишниот Васински бил член на групата Ревил и заедно со соучесниците, хакирале илјадници компјутери ширум светот барајќи откуп за неоткривање на личните податоци на жртвите