Францускиот претседател Емануел Макрон повторно не ја исклучи можноста за испраќање на западни воени сили во Украина.
Во денеска објавеното интервју во британски „Економист“, Макрон изјави дека мораме „да го поставиме ова прашање доколку Москва ја пробие првата линија на фронтот и доколку Киев тоа го побара“, пренесуваат француските медиуми.
„Доколку Русите ги пробијат линиите на фронтот и доколку пристигне барање од Украина (што не е случај денес) мораме легитимно да се запрашаме. Да се исклучи тоа прашање априори значи дека не ја научивме лекцијата од изминатите две години, кога земјите од НАТО првично ја отфрлија можноста за испраќање тенкови и авиони во Украина пред конечно да се премислат“, вели францускиот лидер.
Видете и ова: Макрон не ја исклучува можноста за распоредување француски трупи во УкраинаМакрон неодамна ја повика француската одбранбена индустрија трајно да го зголеми производството на оружје во услови на војна во Украина.
Неговите поранешни изјави за испраќање на француски трупи во Украина, предизвикаа жестоки реакции кај рускиот претседател Владимир Путин, кој предупреди дека таквиот потег носи „реален“ ризик од глобален нуклеарен конфликт.
Видете и ова: Путин предупреди на ризик од нуклеарна војна ако НАТО испрати војници во УкраинаРусија ја почна воената инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.