Кремљ ги оквалификува како неосновани американските обвинувања дека руските сили користеле хемиско оружје во Украина.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва останува обврзана со договорот за забрана на употреба на хемиско оружје.
Стејт департментот ја обвини Русија дека го користела хемиското оружје „хлорпикрин“ против украинските сили со што ја прекршила Конвенцијата за забрана за употреба на хемиско оружје.
„Употребата на тие хемикалии не е изолиран инцидент и најверојатно е мотивирана од желбата на руските сили да ги отстранат украинските сили од зацврстените позиции и да постигнат тактички напредок на бојното поле“, соопшти Стејт Департментот.
Видете и ова: Украина ги истражува наводите за напад со хемиско оружје, Русија негираАмериканскиот претседател Џо Бајден неколку пати досега го повика рускиот претседател Владимир Путин да не користи тактичко нуклеарно или хемиско оружје за да ја врати изгубената територија во Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски алармираше дека властите „со најголема сериозност“ ги сфаќаат растечките стравувања дека Русија може да се сврти кон хемиското оружје.