Грузискиот Парламент денеска, 1 мај, гласаше за усвојување на контроверзниот нацрт-закон за „странски агенти“, кој беше причината за неколкунеделните протести во главниот град Тбилси и предупредувањата од Брисел дека тој потег ќе ги наруши надежите Грузија да стане членка на Европската Унија.
Со 83 гласа „за“ и 23 „против“, пратеницита гласаа за усвојување на нацрт-законот во второ читање по жестоката дебата која вклучуваше исклучување на четворица опозициски пратеници, а потоа дури и тепачка меѓу членовите кои ги претставуваат опозициските и мнозинските партии.
Владејачката партија соопшти дека сакаат законот да биде потпишен до средината на мај.
Гласањето во Парламентот следуваше набргу по судирите меѓу полицијата и демонстрантите во текот на ноќта токму околу законот за „странски агенти“, кој пак многумина го сметаат како одраз на законот што го користи руската влада за да ги задуши неистомислениците во таа земја.
Министерството за внатрешни работи на Грузија објави соопштение во кое ги повикува демонстрантите да не блокираат улици и да не се обидуваат да го окупираат Парламентот. Но, во соопштението, исто така, се вели дека луѓето ќе имаат можност да протестираат на улицата пред и зад зградата.
Видете и ова: Во ек на тензии, грузискиот парламент ја продолжува дебатата за законот за „странски агенти“Во исто време, полициски службеници од единиците на специјалните сили ја презедоа контролата врз улицата на задниот излез од Парламентот, каде што мала група луѓе протестираа.
Полицијата употреби солзавец и водени топови во текот на ноќта за да ги растера нелегалните демонстрации и приведе 63 лица. Петмина демонстранти и шест полицајци се хоспитализирани со повреди.
Пратениците Алеко Елисашвили и Леван Хабеишвили се повредени во судирите, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи Александар Даракхвелидзе.
Хабеишвили, претседател на опозициското Обединето национално движење (УНМ), беше пренесен во болница, а фотографиите покажаа дека има модринки и исеченици на главата и телото. Од УНМ соопштија дека тој бил „киднапиран“ од полицијата и тврдеа дека „му помагал на повреден граѓанин“, токму кога бил приведен од страна на полицијата.
Репортерот на РСЕ на местото на настанот сними два инциденти во кои маскирано лице ги удира демонстрантите со тупаници по лицето.
Видете и ова: ОБСЕ:Грузискиот закон за „странски агенти“ негативно ќе влијае врз граѓанското општествоШефот за надворешна политика на Европската Унија, Жозеп Борел, го осуди „насилството врз демонстрантите“ во објава на 1 мај на социјалната мрежа X, порано позната Твитер.
„Грузија е земја кандидат за влез во ЕУ. Ги повикувам нејзините власти да го обезбедат правото на мирни собири“, стои во објавата на Борел.
Специјалната истражна служба соопшти дека во тек е истрага за употреба на прекумерна сила врз демонстрантите.
Синоќашните дмонстрации беа најнови во серијата масовни протести во изминатите две недели против законодавството што го предложи владејачката партија Грузиски сон.
Видете и ова: Грузијците повторно протестираа против „законот за странски агенти во руски стил“Критичарите го нарекуваат предлог-законот „руски закон“, а претседателката Саломе Зурабишвили, која се огради од политиката на владејачката партија, вети дека ќе стави вето доколку тој биде формално усвоен во трето читање.
Сепак, владата ги има потребните гласови да го отфрли ветото и оттаму веќе најавија дека ќе го сторат тоа.
На 30 април пак, меѓународниот хакерски колектив Анонимус изрази поддршка за демонстрантите и ја предупреди грузиската полиција дека „нападот на демонстрантите ќе резултира со објавување информации за сите ваши владини претставници“.
Во објава на X, групата се закани дека ќе ги хакира и објави базите на податоци и е-поштата, велејќи дека „ова е вашето прво и единствено предупредување“.