Грузискиот парламент остана во состојба на готовност по судирите во раните утрински часови на 1 мај меѓу полицијата и демонстрантите кои се противат на законот за странски агенти. Многумина веруваат дека овој закон го отсликува законот што го користи руската влада за да го поттисне несогласувањето во таа земја.
Предвидено е пратениците да продолжат да расправаат за законот за време на седницата на 1 мај и се очекува да гласаат на второ читање.
Во доцните часови на 30 април, грузиските безбедносни сили употребија солзавец и водени топови за да ги растераат илјадниците демонстранти.
Портпаролот на МВР на 1 мај соопшти дека се уапсени 63 лица, а шест полицајци биле повредени. Не е познато колку демонстранти се повредени.
За време на судирите се повредени пратениците Алеко Елисашвили и Леван Хабеишвили, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи Александар Даракхвелидзе.
Видете и ова: ОБСЕ:Грузискиот закон за „странски агенти“ негативно ќе влијае врз граѓанското општествоХабеишвили, шефот на Обединетото национално движење (УНМ), пренесен е во болница, а на фотографиите се гледа дека има модринки и исеченици на главата и торзото. УНМ соопшти дека бил „киднапиран“ од полицијата и тврди дека тој му „помагал на повреден граѓанин“ кога бил приведен.
Новинар на грузискиот сервис на Радио Слободна Европа објави два инциденти во кои маскирано лице ги удира демонстрантите со тупаници по лицето.
Тоа беше последниот во серијата масовни протести во изминатите две недели против законите воведени од владејачката партија Грузиски сон.
Критичарите го нарекуваат предлог-законот „руски закон“, а претседателката Саломе Зурабишвили, која се огради од политиката на владејачката партија, вети дека ќе стави вето на законот доколку тој биде официјално одобрен во трето читање, како што се очекуваше.
Сепак, владата ги има потребните гласови за да се отфрли ветото. Пратениците ја завршија седницата на 30 април без гласање.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Леван Јоселијани, омбудсман на Грузија, рече дека извештаите за прекумерна употреба на сила од страна на службениците за спроведување на законот кружат на социјалните мрежи и ги повика демонстрантите „да не одат подалеку од организирање на мирни собири“.
Јоселиани предупреди дека употребата на секаков вид сила или специјални средства од страна на службениците за спроведување на законот „мора да исполни строг тест на неопходност и пропорционалност“.
„Не е дозволено да се користи бибер спреј на лицето“, рече тој, додавајќи дека за употреба на какви било посебни средства мора да и претходни предупредување.
На 30 април, меѓународниот хакерски колектив Анонимус изрази поддршка за демонстрантите и ја предупреди грузиската полиција дека „нападот врз демонстрантите ќе резултира со објавување информации за сите владини функционери“.
Во објава на социјалната мрежа X, порано позната како Твитер, групата се закани дека ќе ги хакира и објави базите на податоци и електронската поштата, потенцирајќи дека „ова е прво и единствено предупредување“.