Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска (30 април) е казнет со 9.000 долари за непочитување на судот, затоа што во судницата во Њујорк постојано ја прекршувал забраната за коментирање на судскиот процес во јавноста, односно давање јавни изјави за сведоци, поротници . Станува збор за судскиот процес против Трамп за за тајна уплата на пари на порно актерката Сторми Даниелс.
Судијата Хуан Мерџан изјави дека доколку го направи тоа повторно, може да биде испратен во затвор. Судијата Мерчан посочи дека паричната казна можеби не е доволна за да послужи како пречка за богатиот бизнисмен, кој стана политичар, и жали што нема овластување да наметне повисока казна.
„Трамп со ова е предупреден дека судот нема да толерира континуирани намерни прекршувања на неговите законски наредби и дека, доколку е потребно, ќе изрече затворска казна“, се вели во одлуката на судијата.
Видете и ова: Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со ОрбанОдлуката е остро предупредување за поранешниот републикански претседател, кој инсистира дека само го користи своето право на слобода на говор. Според забраната, Трамп не смее да дава, или да наложува други да даваат јавни изјави за сведоците на судењето, обвинителите и членовите на судскиот персонал.
Судијата ја донесе одлуката на почетокот на втората недела од сведочењето во историскиот процес против поранешниот претседател. Обвинителите на Менхетен тврдат дека Трамп и неговите соработници се вклучиле во нелегална шема за да влијаат на претседателската кампања во 2016 година, спречувајќи негативните приказни за него да стигнат до медиумите и јавноста.
Според одлуката, поранешниот претседател е казнет со илјада долари за секоја од онлајн изјавите, за кои судијата Мерџан, заклучил дека се кршење на забраната. Трамп мора да ја плати казната до крајот на работниот ден во петок, и ќе мора да отстрани седум навредливи објави од својот профил на социјалната мрежа „Трут сошл“ и две од неговата веб-страница на кампањата до вторник во 14:15 часот, се вели во судката одлука.
На судењето на Трамп во вторник, ќе сведочи третиот сведок на обвинителството, Гери Феро, банкар кој му помогна на поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, да ги отвори спорните сметки.