Турција им кажа на своите сојузници во НАТО дека Анкара ќе ја поддржи кандидатурата на холандскиот премиер во заминување Марк Руте за функцијата генерален секретар на НАТО, објави Асошиејтед прес (АП) на 29 април, повикувајќи се на изјавата на високo рангиран турски функционер.
Висок турски функционер, како што јави АП, изјавил дека Турција во понеделникот ги известила дипломатите на сојузниците на НАТО во Брисел.
Одлуката доаѓа три дена откако Руте отпатува за Турција за да побара поддршка од претседателот Реџеп Тајип Ердоган за неговата кандидатура. Службеникот зборуваше под услов да остане анонимен во согласност со протоколот на турската влада.
Актуелниот шеф на НАТО, Јенс Столтенберг, поранешен норвешки премиер, се ближи до крајот на својот мандат, кој беше продолжен неколку пати, бидејќи Северноатлантската Aлијанса се обиде да одржи континуитет и стабилност по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.
Членките на НАТО, Турција и Унгарија претходно изразија резервираност за кандидатурата на Рутe, а Ердоган не се обврза за такво нешто на заедничката прес-конференција со Рутe на 26 април.
Видете и ова: Сикорски: Рускиот напад врз НАТО би завршил со пораз на МоскваПретставниците на НАТО бараат номинацијата за наследник на Столтенберг да биде завршена до крајот на април, пред да започнат изборите за највисоките позиции во Европската Унија закажани за 6 и 9 јуни.
Во јули во Вашингтон се одржува самит по повод 75-годишнината од НАТО.
Генералните секретари на НАТО се одговорни за претседавање со состаноци и за спроведување на консултации меѓу земјите-членки за да се осигура дека организацијата заснована на консензус може да продолжи да функционира. Тие, исто така, гарантираат дека одлуките се спроведуваат во име на сите членки на Алијансата.