Таџикистан ги советуваше своите граѓани да се воздржат од патување во Русија поради зголемените притисоци со кои се соочуваат жителите на Централна Азија таму, по смртоносниот напад во концертната Крокус во близина на Москва минатиот месец.
Таџикистанското Министерство за надворешни работи го издаде „привременото“ советување на своите граѓани на 27 април, еден ден откако таџикистанските власти изразија загриженост дека на Таџикистанците „неоправдано“ им е забранет влез во Русија.
Организациите за човекови права и таџикистанските власти објавија зголемено ниво на ксенофобија против жителите на Централна Азија во Русија по терористичкиот напад на концетрната сала во Крокус, во кој загинаа 144 лица, а стотици други беа повредени.
Руските истражители велат дека нападот - најлошиот терористички напад во Русија во последните две децении - го извршиле четворица мажи, сите државјани на Таџикистан. Другите приведени се притворени поради помагање и поттикнување на напаѓачите.
Руските власти уапсија 11 државјани на Таџикистан, последниот на 27 април, и руски државјанин роден во Киргистан во врска со нападот.
Видете и ова: „Можете да носите хиџаб во село, но не и во Русија“ - централноазиските мигранти таргет на националиститеОдговорноста за нападот ја презеде огранокот на екстремистичката група Исламска држава, групата Исламска држава-Хорасан, активна во Авганистан и Централна Азија. Таџикистан, исто така, приведе девет лица осомничени за поврзаност со нападот.
Министерот за надворешни работи на Таџикистан, Сироџидин Мухридин, на 12 април рече дека „лошо замислената информативна кампања“ во Русија создава „негативна перцепција“ за Таџикистанците.
Мухридин, исто така, го осуди третманот на таџикистанските осомничени во врска со нападот поради наводите дека приведените биле мачени во притвор.
Неколку осомничени од Таџикистан покажаа знаци на злоупотреба кога се појавија пред судот во Москва по нападот. Четворицата обвинети вооружени лица имаа модринки и отечени лица и покажаа други знаци дека биле тешко претепани. Имаше непотврдени информации дека на еден од нив му било отсечено увото при апсењето.
Русија е популарна дестинација за таџикистанските работници-мигранти, кои често се занимаваат со градежни и земјоделски работи. Повеќе од 652.000 Таџикистанци отпатувале во Русија на работа во 2023 година, според таџикистанските работници.
Таџикистан е во голема мера зависен од дознаките од таџикистанските работници мигранти, при што околу една третина од неговиот БДП доаѓа од пари испратени дома од странство, главно од Русија.
Русија го наведе недостигот на работна сила како значаен проблем што влијае на сите сектори на нејзината економија.