Амбасадорката на Соединетите Американски Држави(САД) во Северна Македонија, Анџела Агелер, преку официјалниот профил на амбасадата на мрежата Фејсбук упати порака до граѓаните да излезат на гласање и да го дадат својот глас за кандидатот кој ги одразува нивните очекувања за иднината.
Утре во Северна Македонија ќе се одржи првиот круг од претседателските избори, на кои учествуваат седуммина кандидати.
„Граѓаните и гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа тие гласачи... мора да гласаат. Тие мора да излезат таму и да го изберат кандидатот што ги одразува нивните соништа за иднината, и ништо нема да се постигне со негласање“, пишува во пораката од Агелер.
Видете и ова: Молк за претседателските избори, гласаат болни, затвореници и во дијаспоратаНа седмите претседателски избори во Северна Македонија, според податоците на ДИК, право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи.
Денеска гласаат болните и затворениците во Казнено-поправните домови и лицата во притвор, во старските домови и државјаните во странство.
Утре, на денот на изборите, избирачките места ќе се отворат во 7 часот. Гласањето ќе трае до 19 часот. Ќе се гласа на вкупно 3.480 избирачки места во целата држава.
Ова се седми претседателски избори во Северна Македонија, на кои има седуммина кандидати за претседател на државата.