Помошник на екстремно десничарски германски пратеник во Европскиот парламент е уапсен под сомнение дека шпионирал за Кина, соопштија во вторникот, 23 април, германските власти.
Притворот на ова лице доаоѓа помалку од 24 часа откако три лица беа уапсени во Германија и осомничени за шпионирање за Кина во посебен случај.
Германскиот државјанин е обвинет дека работел за кинеската разузнавачка служба и дека постојано пренесувал информации за преговорите и одлуките на Европскиот парламент во јануари. Обвинителите тврдат дека тој шпионирал и кинески дисиденти во Германија.
Обвинителите не го идентификуваа претставникот за кој работи, но Максимилијан Крах од екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АФД), кој е главен кандидат на неговата партија на изборите за Европскиот парламент закажани за почетокот на јуни, рече дека дознал од медиумите за апсењето на работникот на Џијан Гуо.
Немам повеќе информации“, рече Крах.
Тој додаде дека „шпионирањето за странска држава е „сериозно обвинение“, кое доколку се докаже, ќе доведе до итен отказ на работникот.
Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер рече дека наводите за шпионирање се „исклучително сериозни“.
Видете и ова: Европските пратеници реагираат откако беа цел на кинеска хакерска кампања„Ако се потврди дека имало шпионирање за кинеското разузнавање од Европскиот парламент, тогаш тоа е инсајдерски напад врз европската демократија“, рече Фезер во изјавата.
Веста за апсењата дојде еден ден откако тројца Германци беа уапсени под сомнение дека шпионирале за Кина и договориле пренос на информации за технологијата што може да се користи за воени цели.
Во понеделникот, британските обвинители објавија дека поранешен истражувач кој работел во британскиот парламент и уште еден човек биле обвинети за шпионирање за Кина.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, рече дека „неодамнешните извештаи во Европа за кинеско шпионирање се создадени за да се оцрни и да се поттисне Кина“.
Пекинг ги повика „релевантните страни да престанат да шират дезинформации за кинеската закана од шпионажа и да престанат со политичка манипулација и злонамерна клевета против Кина“.
Минатата недела германскиот канцелар Олаф Шолц се состана со врвните кинески лидери во Пекинг на крајот од тридневната посета на земјата.
Видете и ова: Мобилизација на кинеската нација за контрашпионажаВо стратегијата за односите со Кина објавена минатата година, германската влада укажа на „системското ривалство“ со азиската сила и потребата да се намали ризикот од економска зависност.
Сепак, Германија ја нагласи својата желба да работи со Пекинг на предизвиците како што се климатските промени и да одржува силни трговски врски.
Во документот се наведува и „одлучна акција“ насочена кон спречување на кинеските шпионски активности.