Претседателот на Централната изборна комисија на Косово, Крешник Радониќи денеска изјави дека иницијативата за смена на градоначалниците на северните општини на Косово пропаднала, бидејќи на референдумот не учествувале 50 отсто плус еден гласач.
Според него, гласале вкупно 253 лица.
Во Лепосавиќ гласале 124 гласачи или 0,91 отсто од вкупниот број, во Зубин Поток 18 гласачи или 0,26 отсто, во Звечан немало ниту еден гласач, додека во Северна Митровица имало 111 гласачи или 0,59 отсто од гласачите.
Сите избирачки места, вкупно 23, се затрени денеска во 19 часот.
И Мрежата на невладини организации Демократија на дело претходно објави дека има мал интерес за гласање.
Видете и ова: До 15:00 часот 203 луѓе гласале за смена на градоначалниците на северот на КосовоПретседателката на Косово, Вјоса Османи по затворањето на избирачките места, оцени дека Косово им овозможило на граѓаните во општините на северот на Косово преку процесот на отповикување да ги сменат актуелните градоначалници и да избираат нови.
„Меѓутоа, граѓаните главно не ја искористија оваа можност. За жал, тоа беше пред се поради притисокот од Белград од страна на на Српската листа и нелегалните криминални структури. Србија повторно незаконски се вмеша во изборниот процес на друга земја. Повторно, Вучиќ не го одржа зборот даден на меѓународните партнери“, изјави Османи во објавата на мрежата Х.
Таа посочи дека Косово уште еднаш покажало зрелост, примерна организација и целосно почитување на неговите закони и Уставот, нудејќи им на сите заедници можност да избираат свои претставници, без да први разлика.
Како што нагласи таа, Косово ги исполнило сите услови што ги бара ЕУ.
„Неправедните мерки против Косово мора веднаш да се укинат“, порача косовската претседателка.