Протераната вдовица на покојниот руски опозициски лидер Алексеј Навални изјави дека „никој не знае“ што да очекува од рускиот претседател Владимир Путин и предупреди дека реваншистичкиот лидер на Кремљ може да употреби нуклеарно оружје доколку за тоа почувствува потреба.
Јулија Навалнаја, која вети дека ќе го одржи притисокот врз Путин по смртта на нејзиниот сопруг во руски затвор во февруари, на прашањето од новинската агенција ДПА дали мисли дека рускиот лидер Путин ќе се откаже од употребата на нуклеарно оружје, одговори дека „не не знам што да очекувам од него“.
„Веројатно ќе го стори тоа“, рече таа.
Навалнаја ги искористи неодамнешните шпионски скандали и апсења во Германија и Полска за да ја аргументира позицијата дека Путин со години води војна во срцето на Европа.
„Путин не започна сега“, рече таа. „Тој тоа го прави цело време.
Видете и ова: Мемоари што Навални ги напишал пред смртта ќе бидат објавени во октомври47-годишниот Алексеј Навални почина на 16 февруари под неразјаснети околности во затвор на Арктикот, каде што издржуваше 19-годишна затворска казна за екстремизам и други обвиненија кои се сметаат за политички мотивирани.
Неговата смрт Навалнаја и неговите поддржувачи ја нарекуваат убиство и покрај официјалната потврда за смртта во која се наведува дека Навални починал од природна смрт.
Американскиот претседател Џо Бајден и другите западни лидери ја обвинија Москва за убиство на нивниот најчест домашен критичар, кој преживеа повеќекратни труења за кои тој го обвини Путин.
На 9 април, руските истражители го продолжија рокот за прелиминарна истрага за смртта на Навални најмалку до 20 април.
Навални почна да ги пишува своите мемоари пред четири години, кои ќе бидат пуштени во продажба подоцна оваа година. Издавачот Алфред А. Нопф вели дека тоа е „последното писмо на Навални до светот“.
Видете и ова: Дрезденска награда за мир за НавалниСепак, неговата сопруга Јулија, која живее во егзил со нивните деца, го повикува светот да го повлече признавањето на Путин како „легитимен“ претседател на Русија и вети дека ќе продолжи со напорите за негово соборување.
Путин беше прогласен за победник на претседателските избори со 87 отсто од гласовите и со тоа го започна својот петти мандат. Руските власти го дисквалификуваа неговиот единствен сериозен противник од трката.
Осврнувајќи се на непредвидливоста на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, Навалнаја вели дека е невозможно да се знае каде Путин би можел да го направи следниот удар.
„Тој ги плаши луѓето, ги држи во страв. Никој не знае што ќе направи Путин понатаму“, истакнува таа.