203 лица денеска до 15 часот гласале во четирите општини со српско мнозинство на северот на Косово, на референдумот за или против смената на градоначалниците Албанци, објави Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово.
Според портпаролот на ЦИК, во Лепосавиќ гласале 122, во Зубин Поток 17 и во Северна Митровица 64 граѓани.
Во Звечан се уште никој не гласал, како што беше наведено и во претходното соопштение на ЦИК.
Видете и ова: На северот на Косово се гласа за смена на градоначалниците АлбанциПортпаролот на ЦИК, Ваљмир Ељези изјави дека се отворени сите избирачки центри во општините на северот на Косово.
„Ги повикувам граѓаните да го остварат своето право и да се изјаснат“, рече Ељези.
Мрежата на невладини организации Демократија во акција (ДНД) соопшти дека има мал интерес за гласањето.
„Процесот се одвива мирно. Интересот на граѓаните за учество во гласањето не е запазен“, објави ДНД врз основа на информациите од своите мобилни тимови.
Според податоците на ЦИК, право на глас имаат 46.556 гласачи, од кои 1.461 се нови.
Видете и ова: Две пушки пронајдени на северот на Косово, соопшти полицијатаДржавното обвинителство на Косово денеска соопшти дека го следи овој референдум.
„Обвинителите заедно со косовската полиција се ангажирани во полициските станици во четири општини и будно го следат текот на гласањето“, се наведува во соопштението.
Обвинителството ги повика граѓаните, медиумите и граѓанскиот сектор да ги пријават сите кои може да бидат вмешани во злоупотреби во процесот на гласање.