Шефот на државата на Хрватска со претставници на националните малцинства, антифашисти и преживеани од логорот на 21 април им оддадоа почит на жртвите во усташкиот концентрационен логор од Втората светска војна во Јасеновац.
Во комеморацијата на 79-годишнината од пробивањето на затворениците во логорот, тие прошетаа од Меморијалниот музеј до споменикот на Камениот цвет, каде положија цвеќе во спомен на жртвите.
Како што јави Хрватската радио телевизија (ХРТ), претседателот на хрватската влада Андреј Пленковиќ, претседателот на хрватскиот парламент Гордан Јандроковиќ и претставникот на претседателот на Републиката Орсат Миљениќ положија рози на споменикот Јасеновац и им оддадоа почит на жртвите.
На комеморацијата присуствуваа лидерите на Здружението на Ромите, Здружението на антифашистички борци, Српскиот национален совет, претставници на семејствата на жртвите, како и преживеаните затвореници.
Видете и ова: ЕУ го осуди негирањето на геноцидот во Сребреница на митингот во Бања ЛукаПленковиќ положи венец на спомен плочата на ромските гробишта во Уштица. Во делегацијата на премиерот беа вицепремиерката Ања Шимпрага и министрите Давор Божиновиќ, Гордан Грлиќ Радман, Нина Обљен Коржинек, Марин Пилетиќ и советничката Сара Лустиг.
На комеморацијата присуствуваа и дипломатски претставници и лидери на политички партии, институции, здруженија и градови.
ХРТ наведува дека претставниците на Координацијата на Еврејската заедница годинава не учествувале на официјалниот протокол, туку го положиле венецот пред почетокот на програмата, како и лидерите на партиите СДП и Можемо.
На крајот на Втората светска војна, на 22 април 1945 година, 600 затвореници во логорот Јасеновац тргнаа во пробив, од кои нешто повеќе од 100 беа ослободени, а останатите затвореници кои не учествуваа во пробивот беа убиени и изгорени заедно со објактите во логорот.
ХРТ потсетува дека усташкиот логор Јасеновац во речиси четирите години од своето постоење бил место на страдање за затворените Срби, Роми, Евреи и политички затвореници, меѓу кои имало Хрвати, Бошњаци, Словенци и припадници на други народи.