Косовската полиција пронашла огнено оружје во куќа во Мали Звечан на северот на Косово, соопштија косовските власти.
Во соопштението на 21 април се наведува дека со одлука на обвинител во зградата е извршен претрес и дека на таванот биле пронајдени автоматски пушки АК-47 „Калашников“ и одредена количина муниција.
Видете и ова: На северот на Косово се гласа за смена на градоначалниците АлбанциСе додава дека осомничениот е сопственик на куќата, за кој постои сомневање дека се наоѓа во Србија.
Полицијата соопшти дека овој случај не е поврзан со референдумот во општините на северот на Косово.