Дистрибуцијата на гласачкиот материјал за претстојните избори започна денеска од печатницата „Киро Дандаро” во Битола до 80-те општински изборни комисии, потврди Државната изборна комисија (ДИК).
Примопредавањето на доверливиот гласачки материјалот од печатницата било направено рано утринава во присуство на претседателот, потпретседателката и членовите на ДИК, а потоа започнала неговата дистрибуција до општински изборни комисии.
„Дистрибуцијата се одвива во 17 однапред определени рути. Организационо сме подготвени, по тој тек ќе се одвива дистрибуцијата која ќе се заврши во текот на денешниот ден“, потенцираат од ДИК.
Видете и ова: Кампањата се дуплира, корупцијата не стагнира, работници без платиПрвиот круг од претседателските избори ќе се одржи во среда на 24 април, додека гласањето за вториот е закажано за 8 мај, која истовремено ќе се одржат и парламентарните избори.
Утре ќе се изврши и дистрибуција на уредите за биометриска идентификација, велат од ДИК.
За претседателските избори отпечатени се вкупно 1.814.000 ливчиња, колку што се евидентирани гласачи во Избирачкиот список.
Претседателските избори годинава ќе бидат седми по ред на кои со непосредно гласање од граѓаните се избира шефот на државата.