Двопартиското мнозинство од Претставничкиот дом на САД во саботата на 20 април го усвои законот со кој се обезбедуваат 95 милијарди долари дополнително финансирање на Украина, Израел и индо-пацифичкиот регион.
Сега останува за тоа да се изјасни Сенатот на САД, кој е под контрола на демократите, што е предуслов загонот да му биде доставен на претседателот Џо Бајден за негов потпис.
Се проценува дека тоа би можело да се случи следната недела.
Пред гласањето, Бајден го повика Конгресот да ги усвои предложените закони што е можно поскоро.
„Веднаш ќе ги потпишам за да му кажам на светот дека стоиме покрај нашите пријатели и нема да дозволиме Иран или Русија да успеат“, рече Бајден.
Видете и ова: Столтенберг - НАТО ќе испрати противвоздушни системи во УкраинаОд вкупно 95 милијарди долари, 60,84 милијарди се наменети за Украина. Во нив се вклучени и 23,2 милијарди за надополнување на залихите на американско оружје, објави Ројтерс.
Нивното количество е намалено, бидејќи беа користени за снабдување на Украина за време на блокадата на пакетот помош во Долниот дом на Конгресот, кој е под контрола на републиканците.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во саботата изјави дека усвојувањето на нацрт-законот за помош на Украина во Претставничкиот дом на САД „дополнително ќе ја уништи“ Украина и ќе доведе до повеќе смртни случаи во конфликтот.
Тој посочи дека одредбата во нацрт-законот што ѝ дозволува на американската администрација да ги конфискува запленетите руски средства и да ги користи за обнова на Украина. ќе му наштети на угледот на САД.
Тој рече и дека Русија ќе одговори со мерки во согласност со сопствените интереси.
Украина веќе трета година е цел на брутална руска агресија.
Видете и ова: Борел: Земјите-членки на ЕУ треба да ги испратат противракетните системи во УкраинаЗа Израел се наменети 26,38 милијарди долари, од кои 9,1 милијарда ќе бидат наменети за хуманитарна помош за населението загрозено од конфликтот во Појасот Газа.
Приговори има и поради загриженоста за помошта за Израел за време на кампањата против екстремистите на Хамас - организација која САД и ЕУ ја сметаат за терористичка.
Се повикува на построга контрола на распределбата на американското оружје и парите на даночните обврзници во околностите, како што предупредува дел од меѓународната јавност, на разорните последици од израелските напади врз цивилното население во Појасот Газа.
За индо-пацифичкиот регион планираната распределба е 8,12 милијарди долари.
Домот, исто така, гласаше за усвојување низа мерки, вклучително и правила кои ќе им овозможат на Соединетите Држави да го забранат TikTok, освен ако нивната кинеска матична компанија не ја продаде апликацијата.
Членовите на Претставничкиот дом имаа претходни три дена да ги разгледаат предложените закони и да поднесат амандмани пред закажаното гласање.