Русија соопшти дека соборила 50 украински дронови

Илустративна фотографија.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нејзините системи за противвоздушна одбрана собориле 50 украински беспилотни летала.

Беспилотните леталас биле соборени на 20 април, на над осум руски региони.

Над регионот Белгород биле соборени 26 беспилотни летала, 10 биле уништени над областа Брјанск, осум над регионот Курск, два над Тула и по еден над регионите Смоленск, Рјазан, Калуга и Москва.

Видете и ова: Двајца загинати и опожарен магацин со гориво во украински напади со дронови врз Русија

Во едно село во Белгород две лица загинаа во пожар што го запалиле остатоците од дроновите коишто паѓале, напиша на Телеграм гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков.

Украина не коментираше, а тврдењата не може да бидат независно проверени.