Американскиот државен секретар за европски и евроазиски прашања, Џејмс О'Брајан во Белград порача дека формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство „е од клучно значење за Србите во Косово да разберат каков ќе им биде нивниот живот“.
О'Брајан ова го изјави по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ на 20 април.
„Доколку постои загриженост дека меѓународната заедница не ја исполнува својата обврска да помогне во тоа, јас се надевам дека ќе направиме се што е во наша моќ да помогнеме и да го исполниме нашето ветување кон себе и кон другите“, рече тој.
Видете и ова: ЕУ повторно го повика Косово да формира Заедница на општини со српско мнозинствоКосово и Србија постигнаа договор за Заедницата во 2013 година, а потоа во 2015 година за принципите за нејзино формирање.
Сепак, Уставниот суд на Косово во 2015 година утврди дека договорот не е во целосна согласност со Уставот.
Формирањето на Заедницата треба да обезбеди поголема автономија на Србите во Косово.
На крајот на минатата година меѓународната заедница пред партиите го презентираше нацрт-статутот што би го имала оваа Заедница.
Партиите првично рекоа дека тоа го прифатиле, но дека не презеле чекори за да продолжат понатаму.