Дополнителната заменик-министерка за финансии Елена Петрова денеска рече дека во Министерството за финансии имало незаконски вработувања, односно дека од формирањето на техничката влада до денот на распишувањето на изборите имало 36 вработувања на определено време, две вработувања на неопределено време и три унапредувања. Министерството реагираше во соопштение наведувајќи дека немало незаконски вработувња.
Петрова рече и дека биле дадени согласности за целиот јавен сектор за 1 200 вработувања на неопределено време, 448 на определено, а дека ангажирани биле 1 227 лица со договор на дело, а 99 лица биле унапредени.
Во соопштението на Министерството за финансии се вели дека од почнување на мандатот на преодната влада сите предмети кои биле доставувани на потпис до министерот, биле испраќани на разгледување и до заменик-министерката Петрова, вклучително и документите кои се однесуваат на постапките за вработување и унапредување во МФ и издавањето известувања за обезбедени средства за нови вработувања кај буџетските корисници.
Видете и ова: Кампањата се дуплира, корупцијата не стагнира, работници без плати„Согласно со Законот за влада чл. 46 е дефинирано дека дополнителниот заменик на министерот заедно со министерот рамноправно ги разгледува и ги потпишува сите акти и документи кои ги донесува министерот, а се однесуваат само на правните, финансиските и кадровските прашања поврзани со организација на изборите“, се вели во соопштеноето на Министерството за финансии.
Од Министерството наведуваат дека поради несогласувањето согласно членот 48 од Законот за Влада, се обратиле до ДИК како единствена надлежна институција да одлучува во врска со тоа дали одредено правно, финансиско и кадровско прашање се однесува на организација на изборите.
„По донесената одлука на ДИК со која се потврди дека не станува збор за прашања поврзани со организација на изборите, беа покренати судски постапки од страна на дополнителниот заменик-министер за финансии пред надлежни судови, каде одлуката на ДИК беше потврдена од страна на Управниот суд, но по жалба пред Виш управен суд истиот ја поништи и ја врати на повторно одлучување“, велат од Министерството.
Петрова рече дека Вишиот управен суд донел две пресуди во нејзина корист со кои ги поништил како незаконити одлуките на ДИК кои се донесени врз основа на барања на Министерството за финансии.