Народното Собрание на Република Српска (РС) денеска (18 април) го усвои извештајот на Независната меѓународна комисија за истражување на страдањата на сите народи во регионот на Сребреница од 1992 до 1995 година.
Овој извештај беше претставен на седницата на Народното собрание уште во јуни 2021 година и во него, меѓу другото, е наведено дека „не е извршен геноцид во Сребреница“.
Комисијата која го подготви овој извештај, беше формирана од Владата на Република Српска.
Во парламентот, за гласаа сите 73 пратеници кои беа присутни. Пратеничката група на Социјалдемократската партија (СДП), пак, пред почетокот на седницата соопшти дека нема да учествува на неа бидејќи на дневен ред биле одлуки кои водат, како што истакнаа, „на поделба на Босна и Херцеговина и опасноста од нови конфликти“.
Видете и ова: Османи по српските реакции за резолуцијата за Сребреница: Најдобро за Србија е да ја залечи оваа ранаЗа потсетување, во 2007 година, Меѓународниот суд на правдата во Хаг го окарактеризира злосторството во Сребреница како геноцид, во кое во јули 1995 година беа убиени повеќе од 8.000 мажи и момчиња од тогашната енклава под заштита на Обединетите нации.
За овие злосторства, беа осудени повеќе од 50 лица кои добија вкупно околу 700 години затвор.
На седницата на Народното Собрание на Република Српска беа усвоени и низа заклучоци, меѓу кои и еден со кој се осудуваат постапките на постојниот претставник на Босна и Херцеговина во Обединетите Нации, Златко Лагумџија. Според заклучокот, неговите постапки кои се насочени кон подготовка и доставување на Предлог за резолуцијата за геноцидот во Сребреница до Генералното собрание на ОН, се недозволиви и неприфатливи.
Во него се додава и дека тоа е направено „без консултации и согласност на институциите, ентитетите и конститутивните нации на БиХ, а со цел да се демонизираат Република Српска и српскиот народ како геноцидни“.
Еден од коспонзорите на оваа резолуција во ОН, заедно со САД, Германија и други земји, е и Северна Македонија, за што одлуката ја донесе министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Видете и ова: Функцијата во корист на кампањата?Радио Слободна Европа, имаше увид во нацртот на резолуцијата, која, меѓу другото, повикува на безрезервна осуда на секое негирање на геноцидот и ги повикува членките на ОН да ги зачуваат утврдените факти и да развијат соодветни програми преку нивните образовни системи, со цел во иднина да се спречи ревизионизам и геноцид.
Српскиот народ, како и колективната одговорност, не се директно спомнати во овој документ.
Генералното собрание на ОН треба да гласа за резолуцијата на пленарна седница на 2 мај.