Претставници на политичките партии и коалиции, се обврзуваа дека ќе го почитуваат етичкиот кодекс и нема да користат говор на омраза во предизборната кампања. Денеска, го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори за единаесетите парламентарни избори што ќе се одржат на 8 мај.
Претседателот на Државната изборната комисија, Александар Даштевски, истакна дека овој чин претставува израз на волја да се зачува интегритетот на демократскиот процес.
Видете и ова: Kандидатите за претседател потпишаа Кодекс за фер и демократски избори„Кодексот е потврда за демократскиот развој за нашето општество дека сите заедно се обврзуваме на принципите на демократијата. Преку потпишувањето на овој Кодекс, потписниците испраќаат порака за фер и почитување на сите правила, закони и прописи, како и почитување на владеењето на правото и правната држава при организирање на изборите“, истакна претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски.
Кодексот не го потпишаа кандидатот од партијата Демократи, претседателот на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски, како и претставникот од Работничка партија. Претходно и сите кандидати за претседател потпишаа кодекс за однесување, само кандидатот на ГРОМ, Јакимовски и тогаш не го потпиша кодексот иако рече дека ќе го почитува.