Амбасадорката на Соединетите Држави во Обединети Нации, Линда Томас-Гринфилд изјави дека предлог-резолуцијата за полноправно членство на Палестина во ОН ќе помогне во решавање на израелско-палестинскиот конфликт по принципот две земји за двата народа.
Таа додаде дека САД се подготвени да го прифатат барањето во нацрт-резолуцијата поднесена од Палестинската управа за нејзино целосно интегрирање во структурите на ОН.
Советот за безбедност на ОН утре ќе гласа за предлог-резолуцијата Палестинската управа да биде полноправна членка на светската организација.
Советот за безбедност на ОН одлучи да одговори на барањето на Палестина за полноправно членство во Обединетите Нации до крајот на април, што палестинските власти го опишаа како „историско“, а Израел остро го осуди.
Видете и ова: Советот за безбедност ќе одговори на барањето на Палестина за членство во ОН до крајот на априлВо септември 2011 година, претседателот на палестинската управа, Махмуд Абас, ја покрена процедурата, барајќи „пристапување на државата Палестина во ОН“, но оттогаш постапката не е завршена.
Во ноември 2012 година, Палестина доби статус на „држава набљудувач која не е членка“ на ОН.
Палестина го ажурираше своето барање за членство во ОН со писмо до Советот за безбедност на ОН минатата недела, укажувајќи на израелската офанзива во Газа, а телото започна процес на ревизија во понеделникот (9 април).