На 16 април, американската министерка за финансии Џенет Јелен предупреди на глобалната економска штета од сè понапнатата ситуација на Блискиот Исток.
Таа вети дека САД и нивните сојузници нема да се двоумат да воведат санкции врз Иран за да се спротивстават на неговите „малигни и дестабилизирачки активности“.
Јелен ова го изјави пред почетокот на состанокот на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, кој e закажан за оваа недела.
Новите американски санкции против Иран би можеле, како што наведе, да го намалат капацитетот на таа земја за извоз на нафта.
„Очекувам дека ќе преземеме акција против Иран во наредните денови“, рече Јелен на конференцијата во Вашингтон.
Видете и ова: „Најдоброто“ за Путин: Mожните придобивки на Кремљ од нападот на Иран врз ИзраелСпоред неа, масовниот ракетен напад на Иран врз Израел укажува на важноста од користењето на американските економски алатки, како знак на одговор „на малигната активност“ на таа земја.
„Од нападите извршени викендов до нападите на Хутите во Црвеното Море, акциите на Иран ја загрозуваат стабилноста на регионот и може да предизвикаат прелевање на „економска штета““, рече таа.
На 13 април, доцна во ноќта, Иран го нападна Израел со проектили и беспилотни летала како одмазда за нападот врз иранскиот конзулат во Сирија на 1 април, што Техеран им го припишува на израелските сили.
Израел најави дека ќе одговори на иранскиот напад, додека светските лидери повикуваат на воздржаност од Израел, стравувајќи од спирала на насилство.