Бројот на ученици во редовните основни училишта на крајот на 2022/2023 година е намален за 1,4 проценти, а бројот на ученици во средните училишта за 3,9 проценти во однос на претходната учебна година, покажуваат податоците објавени од Државниот завод за статистика.
Според статистичките податоци, во учебната 2022/2023 година во основните училишта имало вкупно 182 245 ученици, а во средните училишта 66 678 ученици.
Податоците меѓудругото, покажуваат дека за една година се затворени 14 училишта.
Видете и ова: Училниците се празнат, сè повеќе македонски деца се раѓаат во странствоДрастично намален број на ученици годинава има во поголемите општини како Битола, Охрид и Прилеп. Повеќе ученици се запишани само во Аеродром и Чаир. Секоја година сè повеќе деца на македонски државјани се раѓаат во странство, а Северна Македонија е меѓу 20-те земји со најголема стапка на иселување.
Податоците на Заводот за статистика покажуваат дека на крајот од секоја година на државно ниво за стотици ученици е помал бројот на ученици кои ја завршуваат годината, во однос на оние кои се запишале на почетокот од истата, токму како последица на заминувањето во други држави.