Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска (16 април) изјави дека се надева оти Берлин и Пекинг можат да помогнат да се постигне „праведен мир“ во Украина, пред разговорите со претседателот Кси Џинпинг во кинескиот главен град.
На состанокот со Кси, Шолц му рекол на кинескиот лидер дека се надева дека ќе разговара за тоа како двете земји можат „повеќе да придонесат за праведен мир во Украина“.
Иако Кина тврди дека е неутрална во конфликтот во Украина, Пекинг се најде на удар на критики затоа што одби да ја осуди Москва за нејзината офанзива.
Кина и Русија ја засилија економската соработка и дипломатските контакти во последниве години, а нивното стратешко партнерство беше зајакнато од почетокот на инвазијата на Украина.
Шолц му рекол на Кси дека „руската агресивна војна во Украина и руското вооружување имаат многу значајно негативно влијание врз безбедноста во Европа“, се вели во снимката доставена од неговиот кабинет.
„Тие директно влијаат на нашите суштински интереси“, рече Кси, додавајќи дека „го загрозуваат целиот меѓународен поредок бидејќи го прекршуваат принципот на Повелбата на Обединетите Нации“.
Шолц се осврнал и на областите каде што рече дека двете земји би можеле да соработуваат, вклучително и климатските промени.
Кинеските државни медиуми објавија дека Кси ја истакнал важноста на односите во соочувањето со „зголемените ризици и предизвици“.
„Двете земји треба да гледаат и да ги развиваат билатералните односи од долгорочна и стратешка перспектива и да работат заедно за да донесат поголема стабилност и сигурност во светот“, додаде кинескиот лидер.
Видете и ова: Украина повеќекратно го зголеми производството на дроновиТој исто така презентирал, како што наведуваат кинеските државни медиуми, „четири принципи за спречување на украинската криза да излезе од контрола и за враќање на мирот“.
Земјите мора да се фокусираат на „одржување мир и стабилност и да се воздржат од барање себични придобивки“, рече Кси, како и „да ја смират ситуацијата и да не долеваат масло на огнот“.
„Мораме да создадеме услови за враќање на мирот и да се воздржиме од дополнително влошување на тензиите“, додаде Кси, истовремено додавајќи дека треба да го „намалиме негативното влијание врз светската економија“.
Видете и ова: Турција подготвува нов мировен план за Украина„Четирите принципи“ се слични на документот на Пекинг минатата година во кој се бараше „политичко решение“ на конфликтот, за кој западните земји велат дека може да и дозволи на Русија да задржи повеќе од територијата што ја зазеде во Украина.
Шолц пристигна во Кина во неделата, придружуван од голема делегација министри и бизнис лидери во неговата втора посета на земјата откако ја презеде функцијата канцелар.
По престојот во Чонгкинг и економскиот центар на Шангај, Шолц пристигна во Пекинг, каде што има за цел да ги зајакне економските врски со најголемиот трговски партнер на Берлин.