Претставничкиот дом на Соединетите Држави следната недела ќе гласа одделно за помош на Украина и Израел, соопшти синоќа републиканецот Мајк Џонсон, повеќе од два месеци откако Сенатот ја отфрли мерката што ги вклучува двете држави.
Доцна синоќа (15 април), по состанокот со републиканските претставници во Долниот дом на Конгресот, претседателот на Претставничкиот дом рече дека ова тело потоа ќе ја разгледа и помошта за Тајван и американските сојузници во Источна Азија.
„Знаеме дека светот ја чека нашата реакција. Тие сакаат да видат дали Америка ќе застане зад своите сојузници, во наш интерес низ светот“, вели Џонсон.
Видете и ова: Зеленски предупреди дека Украина може да биде поразена без помош на САДАмериканската помош за овие земји сè уште не е усвоена бидејќи Џонсон не сакаше да ја разгледа мерката од 95 милијарди долари што Горниот дом ја усвои во февруари. Вклучува 14 милијарди долари помош за Израел и 60 милијарди за Украина.
Џонсон нагласи дека новите мерки во Претставничкиот дом предвидуваат приближно исти износи на странска помош. Притисокот конечно да помине оваа финансиска помош преку Конгресот порасна по иранскиот напад врз Израел.